ТИМ
Снежана Илиевска
Проектант
Дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 1980.
Веднаш по завршувањето се вработува во Македонија Проект, една од најголемите проектантски фирми во тоа време. Низ долгогодишното искуство како одговорен проектант работи на проекти од секаков тип, но особено задоволство и претставува работата на општествени и индустриски објекти. Нејзините менаџески способности и афинитетот кон превземање на одговорности и ризици, придонесуваат да стане Раководител на групата Архитектура, а подоцна и Заменик деректор на фирмата.
Во 2008 година ја основа Формика плус и работи како одговорен проектант, проектен менаџер и управител на истата. Особено задоволство пронаоѓа во тимската работа со млади архитекти и проектанти и несебично го споделува искуството и знаењето со нив, особена важност придава на контактите со клиентите и ужива во координирање на останатите колеги проектанти или инжењери вклучени во проектот.
Добитник на многу награди и признанија во полето на архитектурата.
Марта Зафировска
Проектант
Дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2011.
Истата година станува дел од тимот на Формика Плус, каде што и пред вработувањето извршуваше стручна пракса. Особено ја цени тимската работа, креативниот процес на создавањето на еден проект и контактот и менаџирањето на сите соработници од другитите фази на проектот.
За време на нејзините студии извршува стручна пракса во фирмите: DELTAPLAN во Прага и Ателје Ајвар во Скопје. Како дел од студентски тим има добиено награди на повеќе ISOVER конкурси за енергетски ефикасни објекти.
Нејзината волонтерска работа во полето на неформалното образование кај студентите архитекти преку научно-истражувачки патувања нив Европа, како и работата за Скопската недела на архитектурата, ја покажуваат нејзината желба за постојан контакт и пратење на современите архитектонски трендови.
Весна Попоска
Проектант
Дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2012 година. Тема на дипломската работа е " Хотел од 10 до 100 соби" на локалитет Долни Сарај - Охрид која беше високо отценета од стручната комисија.
Во 2013 година се приклучува на тимот на Формика плус.
Своето интересирање и надградување кон архитектурата го продолжува на постипломските студии на Американ Колеџ во Скопје.
Ги следи новите трендови во архитектурата и уметноста со посети на изложби, саеми, манифестации како што е Венецијанското биенале за архитектура.
Александар Боцевски
Надворешен Соработник
Дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2011.
Истата година станува дел од тимот на Формика Плус, каде што и пред дипломирањето извршуваше стручна пракса.
За само 2 години, стекнува особено искуство во полето на архитектурата и станува нераскинлив дел од тимот. Интересот за проектирањето е примарен, но со особен интерес ги превзема и обврските околу решавање на градежните детали, изготвување на предмер пресметките и контакт со останатите фази на еден проект.
Во 2013 година одлучува да се надгради во полето на градежната индустрија,но продолжува да работи како постојан надворешен соработник - проектант на Формика плус.
Како дел од студентски тим има добиено награди на повеќе ISOVER конкурси за енергетски ефикасни објекти.
Оливер Илиевски
Надворешен Соработник
Дипломира на Архитектонскиот Факултет во Скопје во 2009.
По завршувањето на студиите запишува магистерски студии по архитектура на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и почнува да работи како асистент на факултетот.
Желбата за проектирање и стекнување на практично искуство, како и спроведување на светските искражувања и трендови во архитектурата и нивно прилагодување на домашните услови, е основната мотивација за негово инволвирање во тимот на Формика плус, веднаш по завршувањето на студиите.